logo
logo
logo

До 1 август годинава 5.000 контроли - ТРИКРАТНО ПОВЕЌЕ ЗАПЛЕНИ НА ЦАРИНА

Vecer | 15.08.2025

До 1 август годинава 5.000 контроли - ТРИКРАТНО ПОВЕЌЕ ЗАПЛЕНИ НА ЦАРИНА

Трикратно е зголемен бројот на заплени од мобилните царински тимови при Одделението за оперативни работи на Секторот за контрола и истраги во првите седум месеци од годинава. Вкупно од први јануари заклучно со 31 јули 2025 година спроведени се над пет илјади контроли, при што откриени се 199 прекршочни и кривични дела.

Како што информира Царинската управа, во овој период мобилните царински тимови запленија околу 100 илјади евра девизи, 455 штеки цигари, a откриени се и 27 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост, при што запленети се над 26 илјади парчиња стока со потпис на заштитени трговски марки.

Во борбата со сериозен криминал, како што наведуваат, меѓу најзначајните случаи е заплената на 188,6 килограми марихуана – заедничка акција со царинските службеници на граничен премин Богородица. На влез во државата мобилните царински тимови спречиле обиди за криумчарење на 21 илегален мигрант.

Само во текот на изминатите денови, при контроли на стока пријавена за увозно царинење во царинска испостава Скопје 4 запленети се над 600 парчиња облека, која не била пријавена со царинските документи. При контроли на граничен премин Богородица запленети се 27 штеки цигари без акцизни маркички, скриени во резервна гума на автомобил. Претходно, мобилен царински тим спречил обид за криумчарење 14 семки од канабис и 0,5 грама масло од канабис, како и обид за криумчарење на златен накит вреден 1,3 милиони денари.

Царинската управа истакнува дека мобилните тимови остануваат еден од клучните механизми за заштита на финансиските интереси и безбедноста на државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk