logo
logo
logo

Поради јаглеродната такса, СТРУЈАТА ОД ЈАГЛЕН НЕМА ДА СЕ ИЗВЕЗУВА ВО ЕУ

Vecer | 15.12.2025

Поради јаглеродната такса, СТРУЈАТА ОД ЈАГЛЕН НЕМА ДА СЕ ИЗВЕЗУВА ВО ЕУ

Доколку Европа не отстапи од планот за воведување на јаглеродната такса кај земјите членки на Енергетската заедница (ЕЗ), наместо интеграција со земјите членки на ЕУ и формирање на еден заеднички европски пазар ќе ни се случи тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите кои што не се членки на ЕУ.

Ова го посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на трибината посветена на предизвиците во енергетскиот секторот, насловена како „Центар за енергетска политика на Западен Балкан“ што се одржа во Приштина.

Според Бислимоски, крајната цена на електричната енергија што се нуди на отворениот пазар нема да биде конкурентна, затоа што цената ќе се зголеми поради јаглеродната такса.

-Ние може да ја усвоиме најдобрата легислатива, но клучно е какви резултати дава имплементацијата на одреден закон во практика. Сите земји членки на Енергетската заедница соработуваат и испорачуваат реформи затоа што тоа е единствениот начин да се оди напред. Кај нас усвоени се првиот, вториот и третиот енергетски пакет, а сега и четвртиот енергетски пакет се имплементира. Ако се анализира изминатиот период може да се заклучи дека сите земји одат напред: берзите за електрична енергија функционираат, имаме зајакнување на меѓуграничните капацитети, а тоа е подготовка за спојување на пазарите, што пак ќе придонесе кон привлекување на нови инвестиции – посочи Бислимоски.

Западен Балкан, додаде, има сонце и ветер и ако ги погледнеме бројките, од почеток на енергетската криза сите инвестиции се токму во постројки од обновливи извори.

– Сепак производството на струја од јаглен е присутно и доминантно затоа што од овој ресурс се обезбедува базна енергија што е клучна за стабилноста на електроенергетскиот систем. Со имплементација на јаглеродната такса, ќе се блокира интеграција на земјите од Западен Балкан со земјите членки на ЕУ. Нема шанси сопственик на производствен капацитет од овие земји да извезува во ЕУ и ќе останеме затворени во регионална рамки – вели Бислимоски.

Нагласи дека бенефитите од реформите кои се спроведуваат неопходно е да ги почувствуваат граѓаните, и Европа мора да биде свесна дека тие мора да бидат поддржани низ процес на субвенции.

– Ние живееме во средина каде воздухот е исклучително загаден и трошиме многу пари за лекување на граѓаните. Енергетските реформи се тесно врзани со животната средина. Прашањето е едноставно – како овие реформи придонесуваат за подобра животна средина? Треба да се објасни колку пари нашите здравствени институции трошат поради загадениот воздух. Мерки мора да има, граѓаните мора да знаат дека политиката на реформи во секторот дава резултати и наративот ќе се смени. Неопходно е во целост да се реконструира финансиската помош за ранливите потрошувачи и да се ремоделираат условите за употреба на фотоволатичните централи кај домаќинствата. На овој начин граѓаните ќе разберат дека реформите се за заедничко добро – вели Бислимоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk