logo
logo
logo

ФАЛСИФИКАТ, ЗЛОУПОТРЕБА И НЕЗАКОНСКО ДЕЈСТВУВАЊЕ - СУЗАНА ЈАНЕВСКА ВЕЌЕ Е СУСПЕНДИРАНА ОД ФУНКЦИЈАТА ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ССКМ

Vecer | 10.07.2025

ФАЛСИФИКАТ, ЗЛОУПОТРЕБА И НЕЗАКОНСКО ДЕЈСТВУВАЊЕ - СУЗАНА ЈАНЕВСКА ВЕЌЕ Е СУСПЕНДИРАНА ОД ФУНКЦИЈАТА ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ССКМ

Сојузот на стопански комори на Македонија остро ја осудува злоупотребата на службената положба и фалсификувањето на службена документација од страна на извршниот директор Сузана Јаневска, која на 07.07.2025 година е суспендирана од функцијата и нема никакви овластувања да ја претставува институцијата.

„На 09.07.2025 година, Сузана Јаневска, користејќи приватна Yahoo адреса (suzana.janevska77@yahoo.com), испратила лажно соопштение до медиумите во кое тврди дека е одржано вонредно Собрание на ССКМ. Истакнуваме дека:

• Тоа не е официјална комуникација на ССКМ и е правно ништовна.

• Собрание на 09.07.2025 не било закажано, ниту одржано по деловнички или статутарни процедури.

• Фалсификуваната покана и обидот за лажно собрание се резултат на грубо прекршување на член 4.2.8 од Договорот за основање на ССКМ.

• Постапката претставува класичен пример на институционална измама и дејствување без мандат.

Заедно со Јаневска, во координирана активност биле вклучени и четири правни субјекти поврзани преку семејни и деловни врски кои се исклучени од членство со Одлука бр. 0302-1-11/25 од 01.07.2025 година, поради сериозно нарушување на угледот и функционалноста на институцијата.

Согласно член 4.5.4 од Договорот за основање, Претседателот на ССКМ, г. Трајан Ангелоски, донесе формална Наредба за итна суспензија на Сузана Јаневска, со која ѝ се забранува пристап до службените простории, контакт со членството и користење на било какви ресурси во име на ССКМ. Исто така, таа е задолжена веднаш да ги врати сите доверени средства во сопственост на Сојузот.

Во интерес на правната сигурност, заштита на членките и зачувување на интегритетот на институцијата, целокупниот случај е пријавен во Министерството за внатрешни работи. Очекуваме соодветни институционални реакции за сите инволвирани во обидот за институционален удар и фалсификат.

Апелираме до сите медиуми и јавноста да не прифаќаат никаква комуникација или соопштенија испратени од приватни адреси кои не се дел од официјалната структура на ССКМ. Сите валидни информации ќе бидат доставени исклучиво преку официјалниот е-маил info@chamber.mk и преку легитимните канали на Сојузот.

Ниту поединци, ниту групи нема да бидат дозволени да го узурпираат легитимитетот на институцијата изградена врз доверба, транспарентност и работа во интерес на бизнис заедницата“ се вели во соопштението од претседателот на ССКМ Трајан Ангелоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk