logo
logo
logo

311 СЕМЕЈСТВА ГИ ДОБИЈА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА СТРУЈА

Vecer | 13.08.2025

311 СЕМЕЈСТВА ГИ ДОБИЈА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА СТРУЈА

Вкупно 311 домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост и 94 згрижувачки семејства ги добија субвенциите за струја од претходната програма. Министерството за енергетика, како што соопшти од јули почнало да ја исплаќа финансиската поддршка на овие семејства.

-Наеднаш се префрлени средствата за месеците март, април, мај и за јуни – велат од Министерството.

Оттаму со објаснување – доколку префрлените пари го покриваат износот на сметката за електрична енергија, остатокот се пренесува за следниот месец и на сметката е евидентиран како претплата.

Во тек е аплицирањето за две програми за финансиска поддршка.

Првата е поддршка за ранливи потрошувачи на електрична енергија за 2025 година – за домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице или потполно глуво лице. Финансиската поддршка изнесува 1.000 денари месечно во текот на 12 месеци, преку намалување на сметката за потрошена електрична енергија.

Втората е за набавка и вградување на инвертер клима-уреди – за домаќинства кои ги исполнуваат условите утврдени во јавниот оглас, со цел намалување на потрошувачката на електрична енергија и подобрување на енергетската ефикасност.

Вкупно се обезбедени 170 милиони денари за реализација на оваа мерка од кои 120 милиони денари се  за домаќинства со ниски приходи и 50 милиони денари за домаќинства чии единствен приход е пензија.

Секое домаќинство што ќе биде одбрано ќе добие купен и вграден инвертер клима уред со моќност од 3.5 kW и енергетска класа најмалку А+, како дел од мерките за енергетска ефикасност и намалување на трошоците за енергија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk