Денес, полицијата изврши рација во седиштето на компанијата „Нестле“ како дел од истрагата за нелегален третман на флаширана вода што со години се продавала под етикетата „природна минерална вода“.
Ова го објави Францускиот генерален директорат за конкуренција, потрошувачки прашања и контрола на измами (DGCCRF).
Според информациите од францускиот весник „Монд“, предмет на истрагата се брендовите на „Нестле“ како што се „Пери“ или „Вител“, кои наводно се третираат со забранети техники на микрофилтрација - практика што не е дозволена со регулативите на Европската унија ако водата сè уште е означена како „природна“.
„Нестле“ претходно призна дека го користел филтерот, а според извештаите од 2024 година, компанијата платила казна од два милиони евра.
Денешниот претрес сепак укажува на дополнителна ескалација на целиот случај и потенцијална кривична одговорност на еден од учесниците.
Можно е државните институции да учествувале и во прикривањето. Француските медиуми објавија преписка меѓу „Нестле“ и Елисејската палата, во која компанијата побарала исклучување на неповолните податоци од официјалните здравствени извештаи за присуството на бактерии и пестициди во водата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата