Продажбата на луксузни возила во Русија се зголеми во првите шест месеци од 2025 година за 19 проценти на годишно ниво на 320 возила и покрај падот од 26 проценти на вкупната продажба на автомобили во истиот период, според податоците објавени денес од организацијата Автостат.
Сегментот на луксузни автомобили го предводи Ролс-Ројс со продадени 100 единици, што е за 56 повеќе отколку во првата половина од 2024 година.
Продадени се 90 возила „Бентли“, со мал раст од четири проценти, додека „Ламборџини“ забележа мал пад на 72 единици, објавува „Москва Тајмс“.
Клиентите купиле 43 автомобили Ферари, 11 Астон Мартинс и четири Масерати, се додава во извештајот.
Според проценките на дилерите, просечната цена на продадените автомобили во овој сегмент се движи од приближно 325.000 до 490.000 евра, а повеќето купувачи се од Московскиот регион.
Официјалните испораки на западните брендови на возила се запрени по февруари 2022 година, но новите луксузни автомобили продолжуваат да влегуваат во земјата преку паралелен увоз.
Кинеските производители постигнаа значителен напредок во масовниот и премиум сегментот на пазарот во Русија, но експертите велат дека сè уште не влегле во луксузниот сегмент.
Според податоците на Австостат, во првите шест месеци од оваа година се продадени 447 возила Лада Аура, од кои 118 се продадени во првиот квартал, а 329 во вториот квартал од 2025 година, пренесува РИА Новости.
„Лада Аура“ се појави на пазарот кон крајот на ноември 2024 година, а овие резултати укажуваат на растечкиот интерес на клиентите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата