logo
logo
logo

AI лаптопи што размислуваат со вас – Dell Pro 14 и 16 се веќе достапни во Македонија!

Vecer | 24.07.2025

AI лаптопи што размислуваат со вас – Dell Pro 14 и 16 се веќе достапни во Македонија!

Македонските професионалци добиваат нова технолошка алатка!

Dell Pro 14 и Dell Pro 16 – лаптопи со вградена вештачка интелигенција, долготрајна батерија и дизајн што остава впечаток – сега достапни преку АИТОНИКСАД, авторизиран дистрибутер на Dell Technologies во Македонија.

“Со Dell Pro 14 и 16 воведуваме нова ера на паметна продуктивност — уреди што не само што работат брзо, туку и размислуваат заедно со корисникот. На професионалците им нудиме алатки кои се адаптираат на нивниот стил на работа и ги следат чекор по чекор,“ изјави Саша Ристеска, продукт менаџер во AITONIX.

Лаптоп што размислува со тебе? Апсолутно.

Новата Dell Pro генерација не е „само“ хардвер. Благодарение на вграден AI, овие уреди учат од начинот на работа и автоматски се прилагодуваат — подобруваат перформанси, штедат батерија и ја прават секојдневната рутина побрза и поефикасна.Со до 20.8 часа траење на батеријата, 19% побрзо извршување на задачи, и AI-подобрени видео повици, добивате лаптоп којшто буквално ве поддржува додека работите, патувате или креирате.

Дизајн што импресионира и трае

Dell Pro 14 и 16 изгледаат моќно — и се такви. Изработени во два модерни финиши (елегантно сребро или софистициран магнетит), со екран 16:10 што нуди повеќе простор, во помал формат, и модуларен USB-C порт отпорен на користење, овие лаптопи се создадени за оние што се секогаш во движење.А со HDR камера и автоматско кадрирање, вашите видеоповици ќе изгледаат професионално — дури и кога сте во пижами.

Одржливо и паметно — за иднината

Dell сериозно ја сфаќа одржливоста. Новите Pro лаптопи се произведени со до 94% рециклирани материјали, батериите користат до 80% помалку кобалт, а дизајнот овозможува лесно сервисирање и помал електронски отпад.

Дополнително, секој уред е тестиран според воени стандарди за издржливост, што значи дека Dell Pro 14 и 16 се подготвени за сè што ќе им зададете. — и буквално и фигуративно.

АИТОНИКС АД е авторизиран дистрибутер на Dell Technologies во Македонија за сториџи, сервери, back up решенијиа како и commercial сегментот, бизнис производи лаптопи, десктопи, монитори итн. АИТОНИКС АД е компанија со докажана експертиза и 25-годишно искуство во дистрибуцијата на ИТ производи и изработката на софтверски решенија.

Dell Technologies им помага на организациите и поединците да ја градат својата дигитална иднина и да го трансформираат начинот на кој работат, живеат и играат.

За повеќе информации во врска со уредите од Dell Technologies, разгледајте онлајн на нашиот webshop, контактирајте го продажниот тим во AITONIX на 02 329 83 38 или на email адреса [email protected].

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk