logo
logo
logo

ЗА БИЗНИС-ИНВЕСТИЦИИ ДОСЕГА ВЛАДАТА ИСПЛАТИ НАД 200 МИЛИОНИ ЕВРА

Vecer | 02.12.2025

ЗА БИЗНИС-ИНВЕСТИЦИИ ДОСЕГА ВЛАДАТА ИСПЛАТИ НАД 200 МИЛИОНИ ЕВРА

Министерството за финансии изврши исплата од 785 милиони денари (12,8 милиони евра) кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.

Станува збор за 7 транша којашто се префрла од централниот буџет кон Развојната банка, од средствата наменети за поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра.

Со оваа транша износот којшто државата го има инјектирано во домашната економија за поддршка на инвестиции надминува 200 милиони евра. Имено, преку шест исплатени транши се пласирани 190,5 милиони евра.

Средствата коишто во Буџетот за 2025 година се проектирани на ниво од  250 милиони евра се обезбедија по поволни услови од унгарската Експорт-импорт банка и исто така по поволни услови се пласираат кон крајните корисници, односно домашните компании. Каматната стапка на годишно ниво изнесува 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk