logo
logo
logo

НИЕ ОДИМЕ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ - немаме зголемување на долгот, туку намалување

Vecer | 08.07.2025

НИЕ ОДИМЕ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ  - немаме зголемување на долгот, туку намалување

Не само што немаме зголемување на долгот, туку имаме и намалување. Тоа е реалноста. Нашата задача и обврска е да работиме во интерес на граѓаните. Делата нека зборуваат, немам што да коментирам на пораките од СДСМ, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Велес, Мицкоски напомена дека тоа што го направи оваа Влада за нешто повеќе од една година е спротивен процес на задолжување.

-Не можам да ги разберам пораките од СДСМ. Факт е дека во март имавме намалување на јавниот долг за 4,7 отсто од БДП, вративме еврообврзница од половина милијарда евра што ја зема претходната власт во 2018 година, Министерството за финансии жестоко се бори да ја одржи макроекономската стабилност без притоа да имплементира нови давачки, без да ги зголеми ДДВ и возраста за пензионирање, нешто што е барање и на меѓународните институции, да ги вратиме 50-те милиони евра данок на солидарност…

Се што сме се задолжиле е за да вложиме во капитални инвестиции, а не за плати и пензии како што правеше претходната власт, а сепак наоѓаме ликвидност, да реализираме проекти, се бориме буџетскиот дефицит да го намалиме на под четири отсто.

Знам колку вложуваат сите владини членови и Министерството за финансии за да се одржи макроекономската стабилност, а притоа немаме зголемување на цената на електричната енергија за граѓаните, зголемени се пензиите, вративме плати – потенцира Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk