logo
logo
logo

Потпишан договор за изработка на проект: КУЧКОВО ЌЕ ДОБИЕ НОВ ВОДОВОД

Vecer | 24.07.2025

Потпишан договор за изработка на проект: КУЧКОВО ЌЕ ДОБИЕ НОВ ВОДОВОД

Општина Ѓорче Петров денеска го потпиша договорот со Министерството за животна средина и просторно планирање за изработка на основен проект за изградба на нов водоснабдителен систем, во вредност од 1.019.512 денари.

– Оваа инвестиција претставува клучен чекор кон конечно решавање на долгогодишниот проблем со пристапот до чиста и безбедна питка вода. Општина Ѓорче Петров континуирано вложува напори да обезбеди стабилен и одржлив водоснабдителен систем, кој ќе ги задоволи потребите на сите жители, рече градоначалникот Александар Стојкоски.

Со реализацијата на овој проект се очекува стабилно и редовно водоснабдување, безбедна, проверена и питка вода и доволни количини за секојдневните потреби на сите домаќинства.

– Работиме во интерес на граѓаните, со јасна визија: достоинствени услови за живот во сите населени места во нашата општина. Изразуваме благодарност до Владата на Република Македонија и до Министерството за животна средина за поддршката и партнерскиот однос. Ова е уште еден доказ дека кога институциите соработуваат, резултатите се видливи и опипливи, порача Стојкоски и додаде:

-Ова не е само инфраструктурен проект – ова е нов животен стандард. Чекор по чекор, ги решаваме старите проблеми и го градиме урбано и модерно Ѓорче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk