logo
logo
logo

АПТЕКИТЕ ЗАРАБОТУВААТ СЕ ПОВЕЌЕ, дали сме се повеќе болни или само повеќе уплашени?!

Vecer | 18.06.2024

АПТЕКИТЕ ЗАРАБОТУВААТ СЕ ПОВЕЌЕ, дали сме се повеќе болни или само повеќе уплашени?!

И годинава арстат заработките на аптеките, а причината не е дефинирана. Анализата на податоците наведува на генерален заклучок дека бизнисот расте, но и дека постои потенцијал за понатамошен раст на аптекарската дејност.

Првата поента докажува дека нема значајни поместувања во редоследот на тоа кој е кој на пазарот. На пазарот има три синџири аптеки кои се вон конкуренција за другите аптекарски компании. Тие се: „Зегин Фарм“ кој е убедливо најголем учесник на пазарот и двајцата меѓусебно големи конкуренти „Еурофарм“ од Битола и „Моја аптека“ од Скопје. Сите други се во групата на помали, но важни, за кои висок дострел е приход на годишно ниво кој ја допира границата од 5 милиони евра, пишива порталот Фактор..

„Зегин Фарм“ е најголемиот синџир аптеки на македонскиот фармацевтски пазар. Компанијата со децении останува најпрепознатлив бренд во снабдувањњето со лекови, медикаменти, медицински помагала, а во поново време и за суплементи, па и козметички продукти и други стоки за широка потрошувачка. Основач на компанијата во најраниот период на пазарната трансформација во Македонија беше Благоја Меџанџиски - Зегин, а од пред неколку години овој голем бизнис успешно го превземаа, водат и развиваат неговите ќерки.

Втората поента покажува дека на пазарот на лекови и медикаменти има простор за сите. Односно сите рангирани во нашата анализа (критеримот беше приход од најмалку 200 милиони денари) книжат раст на приходите во споредба со претходната 2022 година.

Голема е веројатноста дека во значаен дел приходите да растат заради влијанието на инфлацијата врз малопродажните цени. Во одреден дел растот на приходите е резултат и на зголемената побарувачка за медикаменти, суплементи, лекови и други продукти кои се нудат во аптеките. А забележливо е дека аптеките нудат поширока палета и на продукти за лична хигиена, па и за исхрана.

Третата поента е дека сите рангирани годината ја завршиле со добивка од работењето. Со оглед на тоа дека конкуренцијата во аптекарската дејност е навистина голема и бројна нивните резултати покажуват дека бизнисот е здрав и потенцијалот за раст е голем.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk