logo
logo
logo

Германски компании во проблеми - НАД 1/3 СЕ СООЧУВААТ СО НЕДОСТИГ НА НАРАЧКИ

Vecer | 08.08.2025

Германски компании во проблеми - НАД 1/3 СЕ СООЧУВААТ СО НЕДОСТИГ НА НАРАЧКИ

Повеќе од една третина од германските компании, или 36,7 проценти, се соочуваат со недостаток на нарачки, според извештај објавен денес од Минхенскиот институт за економски истражувања IFO од Минхен.

Овој процент малку се намали во однос на април кога изнесуваше 37,3 проценти, но сепак останува значително над долгорочниот просек.

Клаус Волрабе, раководител на истражувањето во Минхенскиот институт, рече дека постојаниот проблем со нарачките останува главна пречка за позначајно економско закрепнување во Германија.

Во индустрискиот сектор, ситуацијата дополнително се влоши во споредба со април - процентот на компании со недоволни нарачки се зголеми од 36,8 проценти на 38,3 проценти.

Производителите во автомобилската индустрија се особено погодени, каде што овој процент е 42,6 проценти, како и 46,1 процент во машинството и 40,6 проценти кај производителите на електрична опрема.

Спротивно на тоа, бројот на фирми кои се жалат на недостаток на нарачки во германскиот сектор за услуги се намали од 32,2 проценти во април на 29,9 проценти, но поединечните сектори како што е угостителството останаа под притисок.

Во трговијата, ситуацијата останува тешка - во големопродажбата, дури 66,2 проценти од компаниите пријавуваат недостаток на нарачки, што е значително зголемување во споредба со претходниот квартал кога бројката беше 61,7 проценти, наведува веб-страницата на Минхенскиот институт.

Во малопродажбата, ситуацијата не се подобри. Процентот на фирми со недоволна побарувачка малку се зголеми од 50,6 проценти во април на 51 процент, што значи дека секоја друга фирма пријавува проблем со нарачките.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk