Околу четвртина милион луѓе во Велика Британија би можеле да ги загубат своите работни места до средината на 2027 година како последица на рецесијата предизвикана од војната на САД и Израел против Иран, покажува анализата на весникот „Гардијан“.
Министерката за економија, Рејчел Ривс, веќе ги повика раководителите на водечките банки на итни разговори со цел да се најдат начини за ублажување на економските последици. Во меѓувреме, два извештаи од водечките сметководствени фирми дополнително ги потврдуваат размерите на економската закана по Обединетото Кралство.
Посебен извештај на компанијата „Deloitte“ открива дека финансиските директори на најголемите британски корпорации веќе презеле мерки за кратење на трошоците, што неминовно ќе се одрази врз вработеноста и општата економска активност во земјата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата