logo
logo
logo

Понудите за брзата пруга се доверливи, ќе ја прифатиме најдобрата - се преговара за локациите за гасните централи на „Казанџи груп“

Vecer | 14.07.2025

Понудите за брзата пруга се доверливи, ќе ја прифатиме најдобрата - се преговара за локациите за гасните централи на „Казанџи груп“

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со меморандумот, со „Казанџи груп“, за изградба на гасните централи, како и тоа дали се знае локацијата и колку ќе чини инвестицијата, рече дека очекува да ги прецизираат локациите и дека процесот на преговори ќе продолжи.

„Дополнително, ќе продолжиме со преговорите, и очекувам да ги прецизираме локациите. Во игра се неколку локации – во Скопје се неколку локации во оптек, исто така и Куманово е во потег, Тетово, Гостивар, поголемите градски средини. Нормално, тука се исто така и останатите, имајќи предвид дека Битола, веќе ќе се затвори проблемот со затоплување, бидејќи се завршува проектот за топлификација од РЕК Битола“, објасни премиерот.

За инвестирање во ваков тип на проекти премиерот најави дека Владата, е веќе во преговори со уште неколку странски инвеститори.

„Ни останува Прилеп, ни останува Велес, ни останува Штип, ни останува Струмица, Кавадарци итн. Да, да не ми замерат останатите кои што нема да ги споменам. Но, покрај „Казанџи“, веќе сме во преговори со уште неколку други потенцијални инвеститори за инвестирање во ваков тип на проекти“, информираше премиерот.

Понудите за брзата пруга се доверливи, ќе ја прифатиме најдобрата зашто работиме исклучиво во интерес на граѓаните

„Сите понуди се доверливи и така ќе ги третираме додека не се избере најповолната и додека не се декласифицира за да можеме да ја соопштиме во јавноста. Граѓаните да бидат мирни и спокојни, сигурно нема да класифицираме и склучуваме договори како во минатото кога се носеа на шверцерски начин со злоупотреба на европското знаме. Она што ние ќе го прифатиме ќе биде најдобро, јас сум оптимист дека така и ќе биде, ние работиме исклучиво и само во интерес на граѓаните“, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со меѓународните банки и финансиски институции кои се пријавија да ја финансиираат брзата пруга од Коридорот 10.

Мицкоски рече дека не може да каже која камата ја понудиле банките и финансиските институции.

„Не можам да ви кажам зашто понудите се доверливи. Не би зборувал и за бројка додека не поминат на владина седница. Интересот е голем. Утре, покрај редовната ќе имаме и затворена владина седница. Очекувам информација од Министерството за финансии и да се предложи меѓусекторска работна група што ќе ги анализира пристигнатите понуди. Прв услов е да видиме дали сите тие понуди ја понудиле сумата што ја бараме. Тоа ќе биде првиот катализатор, а дури потоа ќе влеземе во нивна длабинска анализа, па дури потоа можеме да зборуваме за повеќе детали“, објасни премиерот.

Во однос на американските царини, ако САД и ЕУ не успеат да се усогласат околу тарифите, тоа ќе има влијание и на нас

Сепак, тој е сигурен, како што напомена, дека со јасна и концизна политика ќе успееме да го одржиме макроекономскиот баланс и стабилност и граѓаните тоа да не го почувствуваат.

„Во процес на преговори сме со САД. Оптимист сум дека се движат во правилна насока. Очекувам во текот на оваа недела да имаме генерално развој на настаните во позитивна насока и фокусирани сме до крајот на овој месец да постигнеме договор што ќе значи повеќе за македонската економија и македонските граѓани“, информира претседателот на Владата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk