logo
logo
logo

СЛАВЕСКИ ГИ ПРОВЕРИ МАКЕДОНСКИТЕ ЗЛАТНИ РЕЗЕРВИ ВО БАНКАТА НА АНГЛИЈА

Vecer | 01.12.2025

СЛАВЕСКИ ГИ ПРОВЕРИ МАКЕДОНСКИТЕ ЗЛАТНИ РЕЗЕРВИ ВО БАНКАТА НА АНГЛИЈА

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, за засилување на билатералната соработка и за размена на експертски искуства со една од најстарите и најзначајни централни банки во светот, информира Народна банка.

Славески во рамки на престојот го посети и трезорот на Банката на Англија каде што се чуваат македонските златни резерви. 

„Особено значаен дел од агендата беа активностите поврзани со управувањето со златните резерви. Во тој контекст, беше организирана посета на трезорот на Банката на Англија, каде што Народната банка ги чува резервите во монетарно злато, заради подобро запознавање и увид во оперативните процедури за чување и ракување со монетарното злато, сигурносната заштита и во можностите коишто Банката на Англија ги нуди за пристап до пазарот за злато во Лондон, како најголем светски пазар преку шалтер на овој благороден метал“, соопшти Народна банка.

Славески оствари повеќе работни средби со високи претставници на Банката на Англија, меѓу кои и со гувернерот Ендрју Бејли, со главниот економист на Банката на Англија, Хју Пил, и со заменик-гувернерката Сара Бриден.

На средбите се разговараше за актуелните предизвици во спроведувањето на монетарната политика и за технолошките иновации во секторот на финансии.

Славески уште при назначувањето за гувернер на Народна Банка најави дека ќе направи увид на златните резерви кои се чуваат во Банката на Англија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk