Шеесет и тригодишна жена е уапсена откако на Закинтос убила мачка, а за стореното дело ѝ е изречена казна од 30.000 евра, соопшти денеска локалната полиција.
Жената, жителка на Ромири била пријавена од страна на сопственикот на мачката, пренесе грчкиот портал „Катимерини“.
Според информациите на Здружението за благосостојба на животните на Закинтос (ЗОМЗ) станува збор за возрасна мачка што жената ја задавила со јаже, а причините за убиството се непознати.
„Телото на убиената мачка се наоѓа во ладилникот на сопственикот и таму ќе остане до утре поради денешниот празник Свети Дионисиј, што е неработен ден за тамошните жители“, соопштија надлежните органи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата