logo
logo
logo

Во БиХ уапсени тројца мажи- барале 25.000 евра за да дадат информации за Данка: Се шегувавме

Vecer | 28.03.2024

Во БиХ уапсени тројца мажи- барале 25.000 евра за да дадат информации за Данка: Се шегувавме

Мајката раскажала како Данка исчезнала од дворот на семејната куќа додека одела да му даде вода на постарото дете. Родителите биле сослушани во полиција, а мобилниот телефон на мајката е одземен.

Вчера околу 17:30 часот полицијата го прекина пребарувањето на теренот. „Сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри“, соопшти полицијата.

Според последните информации, родителите на Данка и денеска цел ден биле во полиција на распит. Полицијата вчера ги разделила и спиеле во различни куќи. Багери, полицајци и пожарникари пристигнаа околу куќата каде исчезна девојчето, сечеа дрвја околу куќата и го исчистија просторот и копаат. Досега полицијата сослушала повеќе од 50 лица.

Вечерва се појави веста дека во Босна и Херцеговина се уапсени три лица. Според медиумите, тие на TikTok објавиле дека имаат информации за исчезнувањето на Данка и побарале пари во замена за тие информации. Тие се на распит.

Како што пренесува Klix.ba, Федералната полициска управа (ФУП) вечерва извршила молскавична акција за лоцирање и апсење на три лица од Хаџиќи поради нивните тврдења дека се поврзани со исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија. Белградскиот Интерпол побарал апсење на три лица од областа на кантонот Сараево, кои тврделе дека знаат каде исчезнало девојчето и побарале 50.000 КМ за откривање на информациите.

Членовите на ФУП извршија брза акција, при што истражителите на Одделот за компјутерски криминал успешно ги лоцираа осомничените со помош на нивната IP адреса.

Сите биле уапсени, а била претресена и нивната околина при што било утврдено дека девојчето не е со нив. Во моментов трае кривичната истрага за Т.Б.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972), а се проверуваат нивните тврдења дека се поврзани со исчезнувањето на двегодишното девојче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk