logo
logo
logo

Владата на Србија донесе одлука за прогласување елементарна непогода во пет градови и 11 општини поради пожари

Vecer | 10.07.2025

Владата на Србија донесе одлука за прогласување елементарна непогода во пет градови и 11 општини поради пожари

Владата на Србија донесе одлука за прогласување состојба на елементарна непогода во пет градови и 11 општини поради продолжена суша и недостаток на врнежи, екстремно високи температури и ветрови со сила на ураган. Дел од Србија беше зафатен од големи пожари кои предизвикаа огромни штети во јули.

„Пожари зафатија дел од територијата на Република Србија во јуни и јули 2025 година, и за следните единици на локална самоуправа: градовите Прокупље, Крушевац, Чачак, Крагуевац и Бор и општините: Бојник, Лебане, Ивањица, Алексинац, Рача, Книќ, Житораѓе, Блаце, Куршумлија, Голубац и Мионица, е прогласена состојба на елементарна непогода“, се наведува во одлуката на Владата на Србија.

Во претходните денови, Србија беше зафатена од пожари, а најкритичнио е на југ во државата - Топличкиот и Јабланичкиот округ. Во некои градови и општини е прогласена вонредна состојба.

Сопствениците на околу 170 куќи што беа оштетени и изгорени во пожарот во изминатите неколку дена треба да добијат неповратна финансиска помош од државата - од 200.000 до 800.000 динари, додека оние чии куќи беа целосно изгорени ќе добијат од три до четири милиони динари, според новиот правилник што денеска го усвои Владата на Србија. Кога ќе им биде исплатена помошта - не е прецизирано. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk