logo
logo
logo

Уапсени припадници на Кавачкиот клан во Грција по егзекуцијата во Подгорица

Vecer | 23.07.2025

Уапсени припадници на Кавачкиот клан во Грција по егзекуцијата во Подгорица

Според полициските евиденции, двајцата се членови на криминалниот Кавачки клан.

„Преземајќи мерки и дејствија за пронаоѓање и притворање на меѓународно барани лица по кои НЦБ на Интерпол Подгорица има издадено меѓународни потерници, полициските службеници на Република Грција денес ги приведоа црногорските државјани С.К. (35) и Ѓ.Ѓ. (26), високо рангирани членови на организирана криминална група од Црна Гора, а врз основа на информации добиени како резултат на долгорочна целна потрага од страна на НЦБ на Интерпол Подгорица, странски партнери и грчката полиција“, соопшти Полициската управа, објави Вијести.

Додаде дека полициските службеници на НЦБ на Интерпол Подгорица дознале дека Краљевиќ и Ѓукиќ поседуваат и користат лажни лични документи од земјите во регионот.

„Овие активности резултираа со размена на информации со колеги од Република Грција и целно лоцирање и лишување од слобода на С.К. и Ѓ.Ѓ. на територијата на таа земја, каде што беше утврдено дека се криеле под лажен идентитет и ги користеле горенаведените лажни документи“, соопшти полицијата.

За Краљевиќ е издадена црвена потерница од Интерпол за да се обезбеди негово присуство во кривичната постапка што се води против него пред Вишиот суд во Подгорица поради сомнение за сторени кривични дела создавање криминална организација и тешко убиство, соопшти полицијата.

Ѓукиќ се бараше по наредба на Основниот суд во Подгорица за да се обезбеди негово присуство во кривичната постапка што се води поради сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, тешка кражба и прикривање.

„Гореспоменатата активност е резултат на тесната и интензивна оперативна соработка што Интерпол НЦБ Подгорица ја остварува со меѓународните партнери и тимовите на FAST, што го потврдува континуитетот на ефикасната соработка насочена кон лоцирање на меѓународно барани лица, со посебен акцент на членовите на организираните криминални групи. Следува понатамошна комуникација меѓу судските органи на Црна Гора и Република Грција, со цел спроведување на екстрадиција“, соопшти полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk