logo
logo
logo

Црна Гора го одбележува Денот на државноста

Vecer | 13.07.2025

Црна Гора го одбележува Денот на државноста

Црна Гора денеска го одбележува Денот на државноста, во знак на сеќавање на 13 јули 1878 година, кога на Берлинскиот конгрес беше призната како самостојна држава, и истиот датум 1941 година, кога народот на Црна Гора почна востание против фашизмот.

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, изјави дека 13 јули е симбол на државноста и порака дека пред силата на неправдата и мрачните идеологии никогаш не треба да се попушта.

Тој, на свечениот прием по повод 13 јули – Денот на државноста на Црна Гора, кој го приреди во резиденцијата на Цетиње, рече дека се одбележува ден кога, во две различни епохи, биле испишани најсветлите страници на црногорската историја.

- За Црна Гора овој датум не е празник, туку ден кога во темелите на нашето општество ги вградивме највозвишените вредности на слободата, честа и достоинството. Тринаесетти јули е симбол на државноста и порака дека пред силата на неправдата и мрачните идеологии никогаш не попуштаме, истакна Милатовиќ.

Тој рече дека „од пламенот на 13 јули е родена светлината на слободата која и денес го осветлува патот на Црна Гора“.

- Денес се бориме да живееме во уредена држава со силни институции и јасни правила кои важат подеднакво за сите. Се бориме работата да има вредност, знаењето и трудот да се ценат, никој да не е над законот, наведе Милатовиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk