ТРАГЕДИЈА ВО ПОДГОРИЦА: Пронајдено телото на шестгодишното дете во реката Рибница по дводневна потрага.

Vecer | 22.11.2026

ТРАГЕДИЈА ВО ПОДГОРИЦА: Пронајдено телото на шестгодишното дете во реката Рибница по дводневна потрага.
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Пронајдено е телото на шестгодишното дете кое во петокот, на 20 ноември, падна во реката Рибница во Подгорица, соопшти за Радио-телевизија Црна Гора командирот на Службата за заштита и спасување на главниот град, Марко Радуловиќ.

Спасувачките екипи претходно пребаруваа повеќе локации долж течението на Рибница, од населбата Коник до Скалине. Потрагата го опфати подрачјето од местото каде што било пријавено исчезнувањето на детето до вливот на Рибница во Морача.

Првата пријава за исчезнувањето пристигнала во петокот во 14:08 часот, по што спасувачките екипи веднаш биле испратени на терен.

Бидејќи првичната потрага не дала резултати, биле ангажирани дополнителни сили. Во акцијата се вклучиле и припадници на Министерството за внатрешни работи, граѓани, како и нуркачи од Регионалниот центар Бијела.

Данило Мијаловиќ од Регионалниот центар Бијела во саботата изјавил за агенцијата МИНА дека официјалното барање за вклучување

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk