Протестите ширум Србија продолжуваат и вечерва, а студентската иницијатива "Блокада" објави сатница и локации за протестите кои ќе се одржат вечерва, на 15 август.
Во Белград, студентите ќе се соберат во 20 часот кај Генералштабот, Земјоделскиот факултет, во близина на кружниот тек на Автокоманда и кај Општина Нови Белград, јавува N1.
Во Нови Сад, протестот започнува пред зградата на МВР на улица Крал Петар I, како поддршка за уапсените студенти, со најавено присуство на мотоциклисти.
Во Ваљево, протестниот собир ќе започне во 19 часот на градскиот плоштад.
Протести се најавени и во Чачак, Нови Пазар, Крушевац, Пријепоље, Сомбор, Горни Милановац, Лесковац, Врбас и во други градови низ Србија.
Не сме џаковите за удирање.
Извор: N1
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата