Утрото во Нови Пазар започна со блокада на Основниот суд, која ја организираа студентите од Државниот универзитет. Од самиот почеток, протестот беше исполнет со тензии и неколку инциденти помеѓу студенти и полициски службеници.
Полицијата интервенираше пред зградата на судот, каде дојде и до физички конфликт помеѓу двете страни, според информации кои ги споделија самите студенти.
Причината за протестот е тоа што од вкупно единаесет лица, двајца граѓани од Нови Пазар кои ги штителе студентите, сè уште се наоѓаат во притвор.
Луѓето се на улица, исцрпени од сонце и недостиг на сон. Формите на протест се на работ на издржливоста. Од тие причини, студентите решија да преземат радикален чекор и да ја блокираат зградата на Основниот суд во Нови Пазар.
Блокадата започна рано изутрина, во 6.00 часот.
Студентите упатија апел до сите граѓани да им се приклучат во Нови Пазар: "Ве повикуваме во нашиот град, да го пренесете нашиот глас и да информирате луѓе од други места за тоа како во еден мал град студентите заедно со граѓаните се борат за правда."
Извор на информациите: N1
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата