Српски државјанин пристигнал на граница, па останал во шок кога цариниците почнале да го претресуваат: Му пронашле 4.400 „помагала“
Српски државјанин вчера пристигнал на граничниот премин Товарник со товарно возило со српски регистарски ознаки, но не очекувал дека цариниците ќе извршат детален претрес на камионот.
При претресот, цариниците откриле дека возачот се обидел тајно да внесе во Хрватска, односно во царинското подрачје на Европската Унија, дури 4.400 средства за потенција.
Станувало збор главно за производи „Titan Gold“, кои биле скриени во товарниот простор, меѓу стоката што била уредно пријавена.

На возачот веднаш му бил издаден прекршочен налог бидејќи не ја пријавил стоката за која постојат ограничувања при увоз во Европската Унија.
Поради прекршокот, тој добил парична казна од 13.200 евра.
Но, тука не завршиле неговите трошоци. Бидејќи одземената стока мора да биде уништена, на српскиот државјанин му било наложено да плати и дополнителни 204,48 евра за нејзино уништување.
Вкупно, казната и трошоците ќе го чинат повеќе од 13.400 евра.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата