logo
logo
logo

Собранието на Косово не се конституира ниту по 43. обид

Vecer | 07.07.2025

Собранието на Косово не се конституира ниту по 43. обид

За предлогот гласаа 55 од 99 пратеници кои присуствувале на седницата.

Претседавачот Авни Дехари од движењето Самоопределување и денеска ги прекина излагањата на опозициските пратеници кои побараа од него да ја почитува одлуката на Уставниот суд на Косово, со која се дава рок од 30 дена за конституирање на парламентот.

Политичките партии имаат различни толкувања на одлуката на Уставниот суд – Самоопределување смета дека одлуката дозволува промена на начинот на гласање, додека другите партии го тврдат спротивното.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека за промена од јавно на тајно гласање е потребен консензус од сите политички партии, што во моментот не е можно.

Продолжението на конститутивната седница е закажано за среда, 9 јули во 11 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk