logo
logo
logo

Драматична потера низ собраниската зграда

ВИДЕО | СКАНДАЛ ВО АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ - Опозициски пратеник украде доверлив документ за воената соработка со сад

Vecer | 28.07.2026

ВИДЕО | СКАНДАЛ ВО АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ - Опозициски пратеник украде доверлив документ за воената соработка со сад

Опозициски пратеник предизвика вистински хаос во албанскиот парламет откако одзел доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и САД. По инцидентот следувала драматична потера низ собраниската зграда. 

Во албанскиот парламент се случи несекојдневен инцидент кој многумина на социјалните мрежи го споредуваат со сцени од култната британска комедија „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“.

На видеоснимка што се прошири на интернет се гледа како опозицискиот пратеник Агрон Шехај зема доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и Соединетите Американски Држави, по што се обидува да го напушти местото.

На снимката се гледа како Шехај трча низ парламентот со документот во рацете, додека по него трча секретарката на Собранието во обид да го запре. Во текот на потерата таа паѓа по скалите, што дополнително го привлекува вниманието на јавноста.

Настанот повторно ги отвори прашањата за безбедноста и начинот на постапување со доверливите документи во албанскиот парламент, особено во период кога Албанија се смета за една од земјите кандидати со најголеми шанси за напредок во процесот на пристапување кон Европската Унија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk