Синоќа во Бачка Паланка и Врбас се одржаа протестни собири на кои учествуваа студенти и граѓани. Истовремено, симпатизери на Српската напредна партија, вклучувајќи локални функционери и маскирани лица, агресивно ги нападнаа присутните на овие протести.
Полицијата беше на терен со задача да ги раздели двете групи, но не реагираше на отворените провокации и напади од страна на поддржувачите на владејачката партија.
Истовремено, во двата града кон граѓаните беа фрлени петарди, огномети и друга пиротехника, но и јајца, шишиња, камења и метални предмети.
Во Бачка Паланка беа сниемани и маскирани лица вооружени со палки и метални прачки, кои изгледаа добро организирано и подготвени да иницираат инцидент со присутните студенти и граѓани.
Полицијата во Бачка Паланка остана пасивна, додека во Врбас се вмеша само откако дојде до физички конфликт меѓу двете групи по пробивањето на блокадата.
Во текот на овие судири, повеќе граѓани се повредени, а дел од нив мораа да побараат медицинска интервенција, како и неколку припадници на полицијата.
Извор на информации: N1.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата