logo
logo
logo

Штрајк на вработените во судството во Србија

Vecer | 05.05.2025

Штрајк на вработените во судството во Србија

Како што е наведено во соопштението, причината за штрајкот е долгогодишното игнорирање на барањата на судските службеници, меѓу кои се: достоинствени плати, подобрување на условите за работа, јасно признавање на улогата што ја имаат административниот и стручниот персонал во функционирањето на судството, како и крај на систематското потценување на нивната работа.

Тие истакнуваат дека без вработени во судската администрација, нема рочишта, нема пресуди, нема правда. Затоа пораката од овој штрајк е јасна - судството запира се додека не се слушне и признае работата на оние што го носат секој ден.

„Секое работно место што ќе остане празно ќе биде силен знак на отпор и борба за почитта што ја заслужуваме. Ова не е борба само за нас - ова е борба за правда во систем што мора да функционира за сите“, се вели во соопштението.

Пред тој повик за целосен штрајк, синдикатот на вработените во судството организираше неколку предупредувачки штрајкови. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk