logo
logo
logo

Рама вети забрзување на процесот на легализација на објектите во Пустец

Vecer | 13.07.2025

Рама вети забрзување на процесот на легализација на објектите во Пустец

Градоначалникот Пали Колефски ова го посочил на средбата на Рама со градоначалниците.

- За време на оваа значајна средба со премиерот Еди Рама, градоначалникот на Општина Пустец Пали Колефски, јасно и конкретно ги изнесе проблемите со кои се соочуваат нашите граѓани во процесот на легализација, објави општина Пустец.

Во видео објавата градоначалникот нагласува дека иако се направени позитивни чекори во оваа насока, сè уште постојат пречки и доцнења во обработката на предметите на жителите на Пустец.

-Легализацијата на објектите почна пред многу години, а се уште нерешени се  107 барања на граѓаните. Во тој контекст проблем е и легализацијата на објекти, куќи за домување на сопствен имот, кој се наоѓа на територија прогласена за заштитено подрачје, вели Колефски.

Во однос на второто прашање Рама категоричен дека „објектите кои биле изградени пред Преспа да биде прогласена за национален парк остануваат и ќе бидат  легализирани“, но оти „нема да се дозволи нови градби во заштитено подрачје“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk