Пожарот што избувна во јужниот дел на грчкиот остров Парос се уште не е ставен под контрола, иако состојбата е подобрена по целоноќната борба на пожарникарите со огнената стихија. Грчките власти во текот на ноќта испратија нови пораки за превентива евакуација преку бројот 112, а досега наредба за евакуација добија жителите и посетителтие на десет села.
Две пораки за превентивна евакуација на оние кои се наоѓаат во пет села, беше испратени во 1.30 часот и 40 минути подоцна, додека пак вчера, кусо по избувнувањето на пожарот пораки за евакуација добија сите оние кои се во пет населени места во јужниот дел на островот.
Пожарот избувна вчера околу 13.30 часот во област со отпад и ниска вегетација, утрово интервенираат 66 пожарникари со четири пешадиски тима кои пристигнаа од Атина, 16 возила, од воздух се гасне со пет хеликоптери и два авиони и се очекува во текот на денот да се вклучат и други воздушни средства, а помагаат и волонтери и цистерни од општината.
Целата операција на гаснење на пожарот ја координира заменик-началникот на Противпожарната служба, кој вчера замина за островот
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата