На Инстаграм-страницата Serbialive_beograd се појави видео од пекарница на улицата „Косовска“ во Белград, на кое во витрината каде што се изложени печивата се гледаат глувци.
И додека едниот „оперира“ веднаш покрај печивата, другиот стои на витрината до касата.
Изгледа гледа што прави овој таму долу, а корисниците на Инстаграм се шегуваат како овој чука сметки.
Она што е интересно е што додека се случува сето ова, никој од вработените не стои зад витрината, што укажува дека тоа се случува ноќе кога нема вработени.
Како и да е, некој ја снимил оваа акција и ја објавил на оваа страница на Инстаграм.
Судејќи според коментарите напишани под ова видео, ова не е прв пат да се видат глувци во објектот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата