logo
logo
logo

Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот

Vecer | 26.07.2025

Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот

Претставниците на Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината на Косово  не предложија членови на изборната комисија за тајното гласање.

Тие побараа од претседателот, Авни Дехари, да ја врати постапката на јавно гласање и да ја почитува одлуката на Уставниот суд на Косово.

Дехари ги прекина сите во говорите со исклучување на микрофонот.

Од 107 пратеници присутни на седницата - 56 гласаа за формирање на комисијата.

Дехари ја прекина седницата и го најави продолжението за вечерва во 22:00 часот.

Како што изјави, ќе се обиде да најде решение и да го конституира парламентот пред да истече рокот утврден од Уставниот суд - а истекува вечерва на полноќ.

После тоа, објасни тој, нема можност до 8 август да се продолжи со седницата - што е уште еден рок утврден од Уставниот суд, или како што тој суд ќе утврди што да се прави понатаму.

Доколку парламентот не се конституира и денеска, според одлуката на Уставниот суд, од 27 јули до 8 август ќе биде на сила привремена забрана за седниците на Собранието на Косово. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk