logo
logo
logo

Наставничката Смиљана Лалиќ од Нови Сад остана без работа – родителите протестираат

Родители на ученици од Основното училиште „Ѓура Даничиќ“ во Нови Сад изразија незадоволство поради недообјаснетото непроодолжување на договорот за работа на нивната учителка.

Vecer | 08.08.2025

Наставничката Смиљана Лалиќ од Нови Сад остана без работа – родителите протестираат

Учителката Смиљана Лалиќ, која работеше во Основното училиште „Ѓура Даничиќ“ во Нови Сад, не доби продолжување на својот работен договор, без да биде понудено објаснување од раководството на училиштето. По тој повод, од раните утрински часови во дворот на училиштето се одржува мирен протест во знак на поддршка.

Според изјави на родителите, додека траеше прекинот на наставата кој го поддржаа нивните деца, учителката Лалиќ одржувала проектна настава со ученици од други одделенија. Дел од родителите секое утро стоеле пред влезот во училиштето за да изразат поддршка на наставниот кадар кој беше во прекин со работата, пренесе медиумот N1.

Веќе подолг период, учителката се соочуваше со критики од страна на раководството затоа што не одржувала редовна настава, а била и отстранета од канцеларијата на секретарката, означена како „непосакувана личност“.

Во меѓувреме, по оставката на претходниот директор, на раководната функција доаѓа нова директорка. Родителите веднаш по назначувањето за в.д. директорка иницирале состанок и и’ врачиле писмо на поддршка за учителката Лалиќ, потпишано од сите родители во одделението. Од страна на новата директорка им било соопштено дека училиштето нема информации за тоа дали ќе продолжи ангажманот на учителката.

Родителите се обиделе директно да разговараат со директорката Драгана Лужајиќ, но таа ги упатила да ја користат официјалната комуникација преку електронска пошта.

Извор: N1

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk