logo
logo
logo

Народната банка на Србија се задолжи три милијарди евра на репо пазарот

Vecer | 10.07.2025

Народната банка на Србија се задолжи три милијарди евра на репо пазарот

 Како што е наведено во соопштението на НБС, банката изврши обратна репо трансакција - продажба на хартии од вредност со нивно повторно откупување по одреден период - во овој случај од една недела.

Аукцијата подразбира повеќекратна варијабилна каматна стапка, додека максималната каматна стапка е 5,75 проценти. Датумот на повторно откупување е седум дена од датумот на аукцијата, односно 16 јули 2025 година.

Според српски медиуми, од тој сектор понудите од банките достигнале 442 милијарди динари, со каматни стапки што се движат од 4,51 процент највисоко, до 4,50 проценти во просек. Сите 360 милијарди динари државни записи биле продадени од централната банка во Белград . 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk