logo
logo
logo

Министерот за надворешни работи на Бугарија, го нарече Мицкоски „сeверномакедонски“ премиер

Vecer | 10.07.2025

Министерот за надворешни работи на Бугарија, го нарече Мицкоски „сeверномакедонски“ премиер

За бугарските политичари вчерашното гласање за Извештајот на напредокот на Македонија,  во Европскиот парламент е како победа. Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев во интервју за БТВ се пофали дека неговата држава станала фактор во Европската Унија и во регионот, со став дека Македонија тоа треба да го има предвид.

Зборувајќи за премиерот Христијан Мицкоски, тој го нарече „северномакедонски“ премиер.

„Успеавме да спречиме ЕП да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северномакедонскиот премиер очигледно не е возбуден од позитивниот развој на неговата земја, туку води битка со сугестии кои се неплодни.“изјави Георг Георгиев во интервју за БТВ .

Овој став на Георгиев доаѓа по извештајот на Европскиот парламент, од кој беа избришани зборовите „македонски јазик и идентитет“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk