logo
logo
logo

Голем пожар на југот на Албанија, евакуирани села

Vecer | 10.08.2025

Голем пожар на југот на Албанија, евакуирани села

-Критичната е состојба во селата Велахово, Ливина, Ардасово, Бистрица и Кронѓ. Евакуации беа извршени во Ливина и Ардасово. На терен е присутен и министерот за одбрана Пиро Венгу, објавија медиумите.

Високите температури и силниот ветер го фаворизираат ширењето на пламените јазици, во чие гаснење се вклучени  пожарникари од Финиќ, Делвина, Кониспол и Саранда, припадници на армијата, а се гасне и од воздух.

-На постарите лица им беше понудена и медицинска помош, а од безбедносни причини, сообраќајот е ограничен на патот  Музина - Бистрица. Ограничувањето ќе продолжи до крајот на операцијата, изјавил министерот Венгу.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk