Габи Новак, легендарната хрватска пејачка и една од најголемите имиња на југословенската забавна музика, почина на 89-годишна возраст.
Оваа тажна вест пристигна само два месеци по смртта на нејзиниот син, Матия Дедиќ, кој почина на 53 години.
Габи Новак беше препознатлива по својот топол и префинет вокал, кој ја доведе на самиот врв на поп и џез сцената во регионот.
Родена е на 8 јули 1936 година во Берлин, а детството го поминала во Берлин и на Хвар.
По преселбата во Загреб, дипломирала на Средното училиште за применета уметност и потоа работела како цртач и сценограф во 'Загреб филм'.
Покрај богатата музичка кариера, таа беше позната и како сопруга на Арсен Дедиќ, уште еден великан на регионалната музика.
Со својот талент и несебичен придонес, Габи Новак остави длабока трага во културното наследство на Балканот.
Извор: N1
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата