logo
logo
logo

СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈАВИ ОСТАВКА, неверојатно што планира потоа

Vecer | 15.09.2026

СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈАВИ ОСТАВКА, неверојатно што планира потоа

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ќе поднесе оставка од функцијата шеф на државата на 27 септември, а потоа, „како обичен граѓанин“, ќе започне кампања за изборите на 25 октомври.

Вучиќ е шеф на изборната листа на Српската напредна партија и, доколку победат прогресивците, се надева дека ќе стане премиер.

„Претседател на нашата земја сум најдолго време и не можев да го направам тоа без граѓаните. Верно, вредно, посветено и со борбен дух им служев на граѓаните“, рече Вучиќ во студиото на провладината комерцијална телевизија Пинк.

Тој исто така кажа што планира да прави по оставката: „А, потоа ќе одам како обичен граѓанин, како порано, добив камион, имам свој автомобил, добив и кампер, да посетувам села и урбани средини“.

Тој додаде дека ќе „оди на најоддалечените места во Србија“ и најави „три или четири големи собири“, како и дека последниот митинг ќе биде во Ниш.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk