Полицијата утринава околу 9 часот и 40 минути добиле пријава за несреќата.
Според досега собраните информации, детето додека скијало излетало од одржуваниот дел од патеката и удрило во дрво. Од тешките повреди починала на местото на несреќата, јавува 24ur.com.
Како што неофицијално дознава ТВ Словенија, станува збор за 14-годишно девојче кое поради мразот на патеката изгубило контрола, се лизнало и удрило во дрво.
На местото на настанот ѝ била укажана прва помош од спасувачите од ски-центарот и дежурната екипа на хеликоптерската медицинска помош (ХНМП) со полициски службеник од планинската полициска единица, кој на местото на несреќата пристигнал со хеликоптер на словенечката армија. За жал, реанимацијата била неуспешна.
Полициски службеници го обезбедиле местото на несреќата, извршиле увид, а продолжуваат интензивно со собирање информации за сите околности на инцидентот. За инцидентот ќе биде известен и надлежниот надзорен орган за скијачките центри, а сите собрани информации ќе бидат доставени до надлежното окружно државно обвинителство.
За расветлување на сите околности на оваа несреќа, полицијата на „Шкофја Лока“ ги повикува очевидците кои го виделе настанот или имаат некаква информација да се обратат во Полициската станица „Шкофја Лока“ на 04 502 37 00 или на телефонскиот број за итни случаи 113.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата