logo
logo
logo

Ова не на арно, ни сега ни во иднина. ВО МАКЕДОНИЈА 43, А ВО ТУРЦИЈА 50,3! СТЕПЕНИ ЖЕШТИНА

Vecer | 26.07.2025

Ова не на арно, ни сега ни во иднина. ВО МАКЕДОНИЈА 43, А ВО ТУРЦИЈА 50,3! СТЕПЕНИ ЖЕШТИНА

Повеќе од 45.000 луѓе починаа во Европа поради високите температури, при што земјите од југот на регионот беа најтешко погодени, според извештајот на Институтот за глобално здравје во Барселона (ISGlobal).

Се надминаа рекордите низ Европа и Балканот забележани во 2022 година. Бидејќи климатските промени продолжуваат да ги зголемуваат температурите, Европејците живеат на континентот што се затоплува најбрзо во светот, соочувајќи се со растечки здравствени ризици што произлегуваат од интензивната топлина.

Во округот Ширнак, југоисточна Турција, денеска се измерени 50,5 Целзиусови степени, што е највисока температура регистрирана досега на европскиот континент, јави турското издание „Туркије тудеј“, повикувајќи се на податоци од Турската државна метеоролошка служба.

Температурата е измерена во областа Силопи и го надминува претходниот рекорд од 48,8 степени, поставен во Сицилија, Италија, во август 2021 година. Светската метеоролошка организација официјално го потврди италијанскиот рекорд во јануари 2024 по сеопфатна проверка на инструментите и податоците.

Претходно, рекордот го држеа Атина и Елефсина во Грција со 48 степени, измерени на 10 јули 1977 година, што беше потврдено од Светската метеоролошка организација кога го создаде својот архив на екстремни временски настани во 2007 година.

Според најновите метеоролошки податоци, температурите вчера ја надминаа границата од 40 степени на сенка во 31 округ во Турција, а во целата земја се регистрирани вредности за 6 до 12 степени повисоки од сезонскиот просек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk