Нов бран апсења на Специјалното полициско одделение (СПО) – по налог на Специјалното државно обвинителство (СДО), лишени се од слобода повеќе лица во Подгорица, Цетиње и Тиват.
Како што пренесува „Вијести“, меѓу уапсените е и службеник на Управата за полиција. Како што се наведува во соопштението на СДО, апсењата се во тек поради постоење основи на сомнение дека повеќе лица сториле кривични дела создавање криминална организација и криумчарење.
„Специјалното државно обвинителство, по завршувањето на доказните дејствија кои се преземаат и сослушувањето на лицата лишени од слобода како осомничени, ќе ја информира јавноста за нивните резултати и за одлуката за понатамошниот тек на постапката“, се наведува во соопштението на Специјалното државно обвинителство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата