Министерот за јавни инвестиции во Србија и претседател на Извршниот одбор на СНС, Дарко Глишиќ, денес доживеа изненадно влошување на здравјето додека гостуваше во утринскиот програм на ТВ Пинк.
За време на разговорот со водителите Деа и Сарапа, Глишиќ во еден момент не успеа да одговори на прашањето, почна да замуцкува и изгледаше видно вознемирено.
Веднаш потоа, водителите неколкупати се обидоа да го прашаат дали се чувствува добро, по што програмата беше прекината.
Во меѓувреме, новинарот Драган Ј. Вучиќевиќ во живо на ТВ Информер изјави дека Глишиќ доживеал „масивен, сериозен државен удар“, алудирајќи на можен мозочен удар.
Засега нема официјални информации за здравствената состојба на Глишиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата