Шефот на пратеничката група „Србија победува“, Александар Вучиќ, најави дека би можел да почне штрајк со глад како начин на борба против новата власт и дека, доколку донесе таква одлука, ќе биде целосно решителен, пренесува Н1.
– Нема да земам терапија, нема да земам ништо, прашање на момент е кога ќе почнам штрајк со глад. Кога ќе почнам, нема враќање назад. Во писмена форма ќе им забранам на лекарите да ми пружат каква било помош. Ќе бидам целосно решителен, но тоа ќе биде мојата борба против нив – изјави Вучиќ за телевизијата „Информер“.
Вучиќ порача дека не постои начин да го замолчат или политички да го победат.
– Тоа ќе биде мојата борба против нив, бидејќи тие немаат друго решение. Не можат да ме замолчат, не можат да ме победат. Видовте дека буквално го уништив секој од нив во Народното собрание, секој што се јави за збор. Секој од нив е лицемер, секој од нив земаше пари од нас, секој уживаше во нашиот систем. Никој од нив нема никакви принципи, а уште помалку знаење – рече Вучиќ.
Тој истакна дека особено го вознемирило она што му се случило на сопственикот и главен уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, нагласувајќи дека нема причина поради која би можеле да го уапсат и него.
– Но, проблемот е во тоа што сега видов што му направија на Драган. Знам дека немаат за што да ме уапсат, никогаш не сум земал пари, никогаш не сум земал дневница, ништо – наведе Вучиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата