logo
logo
logo

Што се случува во Хрватска? - ЖЕЛКИ НАПАЃААТ ЛУЃЕ, ПОВРЕДИТЕ СЕ СЕРИОЗНИ!

Vecer | 12.08.2026

Што се случува во Хрватска? - ЖЕЛКИ НАПАЃААТ ЛУЃЕ, ПОВРЕДИТЕ СЕ СЕРИОЗНИ!

Капачите во Каштела, на хрватското приморје, се соочија со необична и вознемирувачка ситуација, откако голема желка во неделата нападнала млад човек во морето.

Инцидентот се случил на плажата „Миљенко и Добрила“ во Каштел Лукшиќ, каде што желката му се приближила на младиот човек одзади и го каснала во долниот дел од грбот. Од повредата имало крвавење, поради што веднаш била побарана медицинска помош.

Ова е веќе петти пријавен случај на каснување од 22 јули. Според сведоштвата на капачите, животното често се задржува во плитката вода, излегува во непосредна близина на луѓето и им се приближува одзади. 

Мајката на повредениот млад човек раскажала дека желката го нападнала без тој да ја допира или вознемирува. Таа веднаш се јавила на бројот 112, од каде што добила совет повредениот да побара итна медицинска помош и да прими заштита против тетанус.

Инцидентот го потврдила и жена која во моментот била во морето, на само неколку метри од младиот човек.

„Сопругот и јас бевме на само пет метри од него. За жал, желката продолжи со нападите и веќе не ни е пријатно да влегуваме во морето“, раскажала таа.

Според неофицијални проценки, желката може да тежи и до 70 килограми. Капачите сега очекуваат надлежните служби да преземат мерки, бидејќи животното сè почесто се појавува во близина на луѓето. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk