logo
logo
logo

Гренел јавно ја прекори претседателката на Косово

„ВЈОСА, СРАМ ДА ТИ Е!“

Vecer | 13.07.2025

„ВЈОСА, СРАМ ДА ТИ Е!“

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, Ричард Гренел, го отфрли толкувањето на претседателката на привремените приштински институции, Војса Османи, со кое таа ја обвини Србија дека наводно неодамна подготвувала конфликт меѓу Белград и Приштина.

Гренел истакна дека Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир поради мировна работа меѓу Белград и Приштина и економска нормализација во 2019 и 2020 година, кога беше потпишан Вашингтонскиот договор во Белата куќа.

„Срам за Вјоса Османи затоа што ги манипулираше зборовите на претседателот Доналд Трамп. Доналд Трамп беше номиниран за Нобелова награда за мир за неговата работа за мир и економска нормализација меѓу Косово и Србија во 2019 и 2020 година - преку потпишувањето на Вашингтонскиот договор од страна на Трамп во Овалната соба. Османи не беше дел од тој договор. А преправањето дека се случило нешто ново е апсурдно“, напиша Гренел на X.

Порано денес, српскиот министер за надворешни работи, Марко Ѓуриќ, исто така, рече дека Османи ги манипулира зборовите на Трамп и измислува обвинувања против Србија.

„За жал, манипулациите и измислиците се чини дека се единствениот начин Османи и Приштина денес да привлечат внимание во Вашингтон. За среќа, нашите американски пријатели ја знаат вистината“, рече Ѓуриќ во објава на социјалната мрежа X.

Како што изјави шефот на српската дипломатија, вистина е дека американскиот претседател Доналд Трамп постигна нешто важно со Вашингтонскиот договор во 2020 година и дека Србија ја поздрави неговата визија, стабилност преку трговија и економски раст, но дека Приштина за жал не успеа да го почитува духот на тој договор и одбива да го прифати пристапот на Трамп кон градење мир преку економска соработка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk