logo
logo
logo

Без провизија подигање пари од банкоматите во Грција за грчките банки - за трети страни плафон од 1,5 евро

Vecer | 07.08.2025

Без провизија подигање пари од банкоматите во Грција за грчките банки - за трети страни плафон од 1,5 евро

Од понеделник стапува во сила новата регулатива во Грција за висината на провизијата при вадење готовина од банкоматите во земјата, која се сведува на нула за грчките банки, а за трети страни, односно банки кои не се дел од грчкиот банкарски систем се воведува плафон - максимално ограничување во висина од 1,5 евро.

Од Министерството за национална економија и финансии на Грција соопштија дека врз основа на новата регулатива изгласана пред две седмици, „трошоците за подигање готовина од банкомати на грчки банки се целосно укинати, а во исто време се утврдува национален максимален лимит (горна граница) од 1,50 евра за подигање готовина од банкомати на трети страни“.

Поконкретно, регулативата предвидува нула провизија од банкоматите на сите банки кои учествуваат во грчкиот меѓубанкарски систем; укинување на трошоците од трети страни кога постои директна или индиректна капитална врска со банката на клиентот; нула трошоци во местата каде што постои само еден банкомат; горна граница од 1,50 евра за подигање од банкомати на трети страни; бесплатна проверка на состојбата без разлика од која банка е картичката, како и законска гаранција дека ниедна банка не може да им наплаќа на своите клиенти за подигање готовина.

Министерот за национална економија и финансии на Грција Кирјакос Пиеракакис рече дека регулативата „има општествена димензија, која докажува дека државата директно одговара на потребите на граѓаните“, а се елиминираат „неправедните и прекумерни трошоци, осигурувајќи дека секој граѓанин, каде и да живее, ќе има слободен пристап до своите пари“. /МИА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk