logo
logo
logo

Албанија регистрира речиси еден милион автомобили во сообраќај, најмногу во историјата

Vecer | 23.07.2025

Албанија регистрира речиси еден милион автомобили во сообраќај, најмногу во историјата

- Зголемувањето не е само во апсолутни бројки. Бројот на автомобили на 1.000 жители се зголеми од 292 на 328, што укажува на поширока употреба на приватни автомобили во секојдневниот живот на Албанците, наведуваа медиумите.

Во некои градови оваа бројка е уште поголема – на пример, Драч достигна 483 автомобили на 1.000 жители, една од највисоките стапки во земјата.

Регионот Тирана останува апсолутен центар на автомобили во Албанија, со 34,8 проценти, од вкупниот број во земјата.

Поголемиот дел од патничките моторни возила во Албанија сè уште имаат рачен менувач (58,8 проценти) и просечна старост од 11 до 20 години (47,9 проценти).

- Сепак, се забележува позитивен тренд кон подобрување на квалитетот на возниот парк: бројот на возила произведени по 2011 година е зголемен за 44,4 проценти. Дизелот останува крал на албанските патишта, што како гориво го користат 72,9 проценти, посочуваат медиумите, повикувајќи се официјалната статистика.

Но, она што се издвојува е двојното зголемување на употребата на електрични возила во споредба со претходната година. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk