logo
logo
logo

Заради овој ПРЕКРШОК во Грција ќе платите 1500 евра и ќе ви ја земат возачката! ВНИМАВАЈТЕ!

Vecer | 30.03.2026

Заради овој ПРЕКРШОК во Грција ќе платите 1500 евра и ќе ви ја земат возачката! ВНИМАВАЈТЕ!

Планирате патување со сопствен автомобил во некоја од соседните земји? Бидете внимателни, бидејќи во соседството демнат казни за прекршоци кои кај нас можби звучат неверојатно, но таму се третираат како сериозни престапи. Така, во некои земји од регионот може да платите казна за работи кои кај нас дури и не се во закон:

Хрватска  

Заборавете на „солидарноста“ и блицкањето на возачите од спротивен правец. Казната е дури 260 евра. Исто така, ако оставите отворен прозорец на паркирано возило без надзор, ќе платите 30 евра.

Босна и Херцеговина

Премногу бучното тргнување со чкрипење на гумите ќе ве чини од 25 до 125 евра.

Грција

Најстрогата казна е резервирана за пушачите. Ако запалите цигара во автомобил во кој има дете помало од 12 години, казната е брутални 1.500 евра со одземање на возачката дозвола! Исто така, возењето во влечки во текот на летото се казнува со 50 евра.

Црна Гора

Обавезно проверете дали имате Европски извештај за сообраќајна незгода; во спротивно, казната е од 40 до 200 евра.

Не се залажувајте дека сте „избегале“ ако полицијата не ве запрела на лице место. Неплатените казни (особено за паркинг) пристигнуваат преку адвокатски канцеларии, а почетниот износ од 90 евра лесно може да порасне на над 2.800 евра поради трошоци и камати.

Сите неплатени казни остануваат во системот. При следниот обид за влез во таа земја или која било членка на ЕУ, ќе бидете задржани на граница додека не го подмирите долгот.

Во рамките на ЕУ постои единствен регистар, па прекршок од Грција може да ве „пречека“ на премин во Хрватска или Унгарија.

Ако направите прекршок, платете ја казната веднаш. Во многу земји износот се намалува за 50 % ако се плати во рок од неколку дена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk