Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, разговарал телефонски со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.
- Разговарав со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, по телефон, продолжувајќи го содржајниот дијалог, воден завчера во Суботица. Како што вети, ме информираше за неговата средба во Москва вчера. И, во оваа пригода, нагласи дека Унгарија ќе помогне во енергетската стабилност на Србија.
Добрососедските односи меѓу Србија и Унгарија значат многу за двете земји и народи. Подготвен сум да продолжам да го давам мојот најголем придонес кон нашето пријателство - напиша Александар Вучиќ на Инстаграм.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата