Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска утрово, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на шест километри од Сисак, на длабочина од девет километри.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил силен и се чувствувал интензивно, а некои луѓе рекле дека куќите се треселе и дека имале впечаток дека се случила експлозија.
Според сведоштва на граѓани, земјотресот бил почувствуван и во Загреб, Глина, Поповача, Костајница, Козарска Дубица…
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата